Свет Руските сили ќе се повлечат од Сирија пред крајот на годинава

Руските сили ќе се повлечат од Сирија пред крајот на годинава

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, Валериј Герасимов, соопшти дека е можно значително да се намали бројот на руските сили во Сирија.

Повлекувањето на руските сили, како што рече Герасимов, би можело да почне пред крајот на годинава.

– Очигледно, по целосното исполнување на воените задачи, а останаа уште неколку, врховниот командант ќе донесе одлука за намалување на силите – рече Герасимов.