Свет Свет Руските авиони уништиле 72 терористички мети во Сирија

Руските авиони уништиле 72 терористички мети во Сирија

Руските воздухопловни сили уништиле 472 терористички мети во Сирија во последните 48 часа, стои во дневниот извештај на руското министерство за одбрана.

Како што јавува „Раша тудеј“, целите се уништени во вкупно 141 напад.

Руското воздухопловство дејствувало во провинциите Алепо, Дамаск, Деир ез-Ора, Хама, Хомс, Идлиба, Латакија и Рака.

Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, соопшти дека сите руски авиони успешно се вратиле во воздухопловната база Хмеимим, кај Латакија.