Свет Свет Руските авиони ја тестираат одбраната на НАТО

Руските авиони ја тестираат одбраната на НАТО

Руските бомбардери изведуваат летови во европскиот воздушен простор за да го тестираат одговорот на НАТО и очигледно симулираат борбени услови, оцени Игор Сутијагин од Кралскиот институт за oбединети служби.

Според Сутијагин, изостанувањето на комуникацијата меѓу руските пилоти и контролата за летање е „непријателски“ и „борбен“ чин.

НАТО соопшти дека неделава е забележан „невообичаен“ зголемен број на такви летови. Тензиите меѓу Русија и членките на НАТО настанаа поради кризата во Украина.

– Кремљ игра од позиција на послаб. Како во покер, блефира, се обидува да го заплаши Западот – изјави Сутијагин за „Би-Би-Си“.

НАТО во средата соопшти дека во последните 48 часа авионите на алијансата престретнале осум руски авиони над Северното Море и над Атлантскиот Океан, четири над Црното Море и повеќе од 10 околу Балтичкото Море. Во сите инциденти руските авиони летале во меѓународниот воздушен простор. НАТО соопшти дека ги „следел за да ги идентификува леталата и да го заштити воздушниот простор на алијансата“.