Свет Европа Руски полицаец осуден за шпионирање за САД

Руски полицаец осуден за шпионирање за САД

Московскиот градски суд денеска осуди руски полициски службеник на 15 години затвор поради шпионски активности во полза на САД.

Роман Ушаков е прогласен за виновен за предавство затоа што на Американците им пренел доверливи информации, кои се однесуваат на руското министерство за внатрешни работи.

Руското обвинителство како докази ги изнесе пораките со доверливи информации на Ушаков, како и готовината и писмото од ЦОА, кое е најдено во неговото скривалиште.

Ушаков е откриен во самиот момент на извршување на кривичното дело, а тој го признал обвинението и детално сведочел за својот контакт со САД.