Свет Европа Руската рубља закрепнува по падот

Руската рубља закрепнува по падот

Руската валута рубља денеска закрепна откако цената на нафтата се зголеми, но и благодарение на уверувањето од страна на шефот на Европската централна банка, Марио Драги, дека ќе се разгледаат можности за дополнително олабававување на монетарната политика.

Заздравување е регистрирано и на европските берзи, при што лондонскиот индекс FTSE и германскиот DAX се зголемија за 2 проценти.

Акциите на руските берзи, исто така, евидентираа зголемување на вредноста.