Свет Свет Русија спровела 1.900 воздушни напади во Сирија

Русија спровела 1.900 воздушни напади во Сирија

Русија денеска соопшти дека извршила 1.900 воздушни напади во Сирија за време на изминатата недела.

Руското министерството за одбрана соопшти дека мета на нападите биле цели во пределот на Алепо, Ларакија, Хомс и на Рака.

Отфрлени се обвиненијата дека се гаѓани резиденцијални делови на Алепо, како и обвиненијата за уништување на две болници.

Меѓународниот Црвен крст предупреди дека поради засилените борби, околу 50.000 лица се раселени во провинцијата Алепо.

Хуманитарната ситуација во градот е сè полоша, а прекинати се рутите за достава на хуманитарна помош.