Свет Европа Русија со нов напад со дронови врз Украина, Зеленски вети жестока реакција

Русија со нов напад со дронови врз Украина, Зеленски вети жестока реакција

Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов, на каналот Телеграм напиша дека цел на беспилотните летала била цивилната инфраструктура, а нападот се случил по полноќ на североистокот на Украина

Фото: Укринформ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на масовниот руски напад на територијата на Украина, кој се случи изминатата вечер, пренесува Укринформ.

Шефот на државата на Телеграм соопшти дека Русија лансирала околу 40 дронови, а повеќе од половината биле соборени од украинските воздухопловни сили, јавува дописникот на Укринформ.

„Бранителите на небото“ работеа во 10 региони – Харкив, Запорижја, Херсон, Николаев, Одеса, Кијив, Кировохрад, Виница, Хмелницки, Лвив. За жал, имаше и погодени цели. Според прелиминарните извештаи, нема жртви. Последиците се решаваат“, напишал Зеленски.

Според него, Украина ја зајакнува воздушната одбрана и мобилните противпожарни групи.

„Како што се ближи зимата, руските терористи ќе се обидат да нанесат поголема штета. Ќе возвратиме. Силно“, додаде Зеленски.

Минатата ноќ руските беспилотни летала нападнаа цивилни локации и предизвикале пожари во близина на Харкив, вториот по големина град во Украина.

Регионалниот гувернер на Харкив, Олех Синехубов, на каналот Телеграм напиша дека цел на беспилотните летала била цивилната инфраструктура, а нападот се случил по полноќ на североистокот на Украина.

Укринформ информира дека дури во пет наврати бил погоден објект од критичната инфраструктура во Лвивскиот регион. Украинските власти не прецизираат за каков објект станува збор, но додаваат дека избувнал пожар и нема жртви во рускиот напад.

Повредени лица и загинат цивил се регистрирани во Херсонскиот регион како последица на руските гранатирања во изминатово деноноќие. Во Ивано-Франкивскиот регион остатоци од соборен дрон паднале врз студентски дом, додека со ракети биле нападнати и погранични населени места во регионот Суми.