Свет Русија подготвува економски санкции кон Турција

Русија подготвува економски санкции кон Турција

Русија подготвува економски санкции од „широк опсег“ кон Турција, по инцидентот пред два дена, во кој беше соборен руски воен авион на турско-сириската граница, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на изјава на рускиот премиер, Дмитри Медведев.

Медведев, како што пренесува „Би-Би-Си“, денеска изјавил дека мерките ќе бидат подготвени за неколку дена, а можно е со нив да бидат погодени инвестициите што ги имаат двете земји.

„Владата доби инструкции да изработи систем од економски и од хуманитарни мерки како реакција на овој акт на агресија“, рекол Медведев.

Покрај тоа, од руското министерство за одбрана денеска соопштиле дека се суспендирани сите канали за комуникација меѓу руската и турската војска, вклучително и „жешката линија“ (hot line) што служи за избегнување воздушни инциденти.