Свет Балкан Русија ќе ја помага Грција со директна испорака на енергенти

Русија ќе ја помага Грција со директна испорака на енергенти

Русија ја разгледува можноста за директна испорака на енергенти во Грција за да помогне во закрепнување на нејзиното стопанство, изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак.

– Руската Федерација планира да го поддржи закрепнувањето на грчката економија преку зголемување на соработката во енергетскиот сектор. Затоа ја разгледуваме можноста за директна испорака на енергенти на грчката држава наскоро – рече Новак, додавајќи дека веќе се работи на тоа и оти се надева дека ќе постигнат договор за неколку недели.
.