Свет Русија и САД подготвуваат резолуција против тероризмот

Русија и САД подготвуваат резолуција против тероризмот

Русија и САД работат на заедничка нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за борба против тероризам и ќе биде насочена на заканата од Исламска држава и на трговијата со нафта со екстремистите, соопшти претставникот на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.

Чуркин соопшти дека документот би можел да биде усвоен на состанокот на 18 декември, со кој ќе претседава американскиот државен секретар, Џон Кери.

– Тоа ќе биде обемна, сеопфатна резолуција за борба против тероризмот, која ќе му даде голем потенцијал на Советот за безбедност на ОН во борбата против заканите од тероризам – нагласи Чуркин.

Рускиот амбасадор во ОН истакна дека Исламска држава во документот ќе биде спомената како посебно терористичко движење. Досега Советот за безбедност на ОН оваа групација ја сметаше за разгранок на Ал каеда.