Свет Русија и САД ќе се координираат за воените мисии во Сирија

Русија и САД ќе се координираат за воените мисии во Сирија

Москва и Вашингтон се договорија дека треба да имаат подобра координацијата за да се избегнат инциденти за време на воени мисии во Сирија, соопшти руското министерство за надворешни работи.

„Воени официјални претставници од двете држави постигнаа договор за време на видеоконференција“, стои во соопштението.

Пентагон вчера соопшти дека е поведена истрага за минатонеделните руски воздушни напади врз позиции на сириската опозиција, која е поддржана од САД.