Свет Балкан Русија и Грција потпишаа спогодба за „Турски тек“

Русија и Грција потпишаа спогодба за „Турски тек“

Грција и Русија потпишаа меморандум за продолжување на планираниот гасовод „Турски тек“ во Европа преку територијата на Грција.

Рускиот министер за енергетика, Александр Новак, и неговиот грчки колега, Панајотис Лафазанис, потпишаа документ на маргините на економскиот форум во Санкт Петерсбург.

Лафазанис вели дека проектот ќе го финансира руската државна банка за развој ВЕБ. Тој додаде дека не Грција ѝ е потребна поддршка, а не притисок во текот на должничката криза, како и тоа дека соработка со Русија не е насочена против ниту една држава од Европа.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека предложениот гасовод ќе ја претвори Грција во најголема транзитна зона и оти од тоа ќе заработува стотина милиони долари.