Свет Свет Русија го предупреди Тајланд за можни напади на ИД

Русија го предупреди Тајланд за можни напади на ИД

Тајландската полиција денеска соопшти дека од Русија добила предупредување дека постои ризик од напад на Исламска држава во Тајланд.

Според податоците на руските безбедносни служби, 10 Сиријци, за кои се верува дека се поврзани со екстремистите од Исламска држава, би можеле да изведат напади.

Мета на нападите, како што се наведува, се руските интереси во Тајланд, како и други земји што се борат против џихадистите.

Портпаролот на тајландската полиција рече дека станува збор за „непотврдена разузнавачка информација“.