Свет Русија го постави главниот лак на мостот за Крим

Русија го постави главниот лак на мостот за Крим

Цели пет часа ноќеска траел зафатот на подигнување на главниот лак, тежок 5.000 тони, на мостот за Крим, по што тој е успешно прицврстен на столбовите според плановите, јави „Раша бијонд“.

Лакот е подигнат со 12 кранови, од кои секој може да подигне до 650 тони. Лакот со должина од 45 метри вчера е поставен на височина од 35 метри над морската површина, а во текот на денешниот ден треба да заврши неговото конечно зацврстување.

Со тоа Русија се приближи чекор поблиску до својот план целосно да овозможи пристап до анектираниот полуостров, кој од 2014 година, по референдумот, повеќе не го признава суверенитетот на Украина, а наскоро беше анектиран од Русија.

Гигантскиот мост долг 19 километри ќе значи директен пристап од територијата на Русија, од Таманскиот Полустров, до Керчанскиот Полуостров на Крим, со што целосно ќе се заобиколи територијата на Украина. Во еден дел мостот е поставен на островот Тузиа.

Според планот, патниот сообраќај преку мостот ќе биде пуштен веќе во декември 2018 година, а првите возови преку Керченскиот теснец ќе поминат во декември 2019 година.