Свет Европа Русија ги обвини САД дека поттикнуваат насилство во Украина

Русија ги обвини САД дека поттикнуваат насилство во Украина

Русија ги обвини САД дека го присилуваат Киев да продолжи со судирите на истокот на Украина.

Во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи се вели дека „Русија не изведува никаква невообичаена воена активност“.

Москва, исто така, го повикува Вашингтон во целост да ја примени спогодбата за отстранување на ракетите со среден и со краток дострел.

Соопштението е издадено откако американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека ја крши спогодбата за вооружување.