Подглавна секција Русија цели кон украинската инфраструктура во воздушните напади

Русија цели кон украинската инфраструктура во воздушните напади

Русија и Украина ги зголемија воздушните напади во последниве месеци, а кои се насочени кон воена, енергетска и транспортна инфраструктура.

Фото: ukrinform.net

Русија изврши напади со беспилотни летала и ракети насочени кон цивилна инфраструктура низ широки области на Украина, соопштија денеска киевските воздухопловни сили, пренесе „Гардијан“. Засега нема информации за жртви во нападите.

Русија и Украина ги зголемија воздушните напади во последниве месеци, а кои се насочени кон воена, енергетска и транспортна инфраструктура.

Воздухопловните сили на апликацијата „Телеграм“ соопштија дека Русија го нападнала централниот регион Полтава со две ракети истрелани од балистичкиот ракетен систем Искандер и три ракети над регионот Доњецк на исток.

Филип Пронин, гувернерот на регионот Полтава, напиша на „Телеграм“ дека нападот погодил индустриска локација во градот Кременчук, предизвикувајќи пожар.

Југоисточно, пак, во регионот Запорожје, гувернерот Јуриј Малашко изјави дека инфраструктурна локација била погодена во напад со дрон. Екипите за итни случаи биле на местото, но засега нема детали за предивиканата штета или за евентуални жртви. Освен тоа, во текот на ноќта украинските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири од осум дронови лансирани од Русија.