Македонија Рударскиот сектор создал над 7.000 тони опасен отпад во 2018 година

Рударскиот сектор создал над 7.000 тони опасен отпад во 2018 година

Компаниите од разни сектори во Македонија во 2018 година создале вкупно 1.143 илјади тони отпад. Од ова количество, 98,21 отсто се неопасен отпад, а 1,79 отсто е опасен, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС. Од создадениот отпад, 1.145 тони е складиран. Најмногу имало отпад во секторот преработувачка индустрија, 531.762 тони или 46,54 отсто. Од ова количество, 4.483 тони бил опасен отпад.

После преработувачкиот, најмногу отпад бил создаден во секторот снабдување со вода, отстранување на отпадни води и управување со отпад, кој евидентирал 270.379 тони отпад, од кои опасен бил 1.790 тони. На трето место, според количествата на отпад, е секторот рударство и вадење камем, во кој се создале 161.619 тони отпад во 2018 година, но и најмногу опасен отпад, 7.028 тони.

ДЗС објави дека во 2018 година вкупно биле третирани 1.142 илјади тони отпад, а количеството на рециклираниот изнесувал 524 илјади тони. Според видовите, најголемо е количеството од категоријата отпадоци од железен метал, необоени метали, отпадоци од хартија и картон и отпадоци од пластика.