Дописници РТШ снимаше репортажа за Македонците во Мала Преспа

РТШ снимаше репортажа за Македонците во Мала Преспа

Националната телевизија на Албанија (РТШ) снимила репортажа во Мала Преспа, за тоа како Македонците во овој дел од Албанија го прославуват големиот христијански празник Велигден.

– Го снимија финалето во фудбал, кое традиционално секоја година се игра пред Велигден. Потоа бевме на Малиот Остров во Преспанско Езеро во делот на Албанија, каде е црквата „Св.Богородица“, која датира уште од 14 век. Снимаа и во Националниот парк Преспа. Екипата направи неколку интервјуа со жителите на Пустец и на други села – изјави за „Мета“ Нико Китани, претставник на македонското малцинство во државниот Комитет на малцинства на Албанија.

Владата на Албанија на 12 април го усвои предлог-законот за малцинства и го испрати во парламентот.

Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.