Македонија Роудс: Македонија ќе биде тема на самитот на НАТО

Роудс: Македонија ќе биде тема на самитот на НАТО

На јулскиот самит на НАТО во Полска ќе се разговара и за членството на Македонија во алијансата, соопшти на брифинг за медиуми Бен Роудс, заменик советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама.

Роудс, сепак, истакна дека времето до самитот е прекратко за да може да се очекува прием на Македонија во НАТО, но дека и понатаму останува политиката на отворени врати за проширување на алијансата.

– За Македонија, временскиот рок до јули е многу краток и процесот веројатно ќе се одвива подолг временски период – изјави Роудс.