Спорт Роналдињо пред отказ во Мексико

Роналдињо пред отказ во Мексико

Челникот на мексиканскиот прволигаш Керетара го опомена славниот Бразилец Роналдињо да се врати од одмор доколку не сака да му биде раскинат договорот.

Поранешниот играч на Пари Сен Жермен, Барселона и на Милан, претходно добил дозвола да отиде во САД и во Бразил за да регулира некои приватни обврски.

– Доколку Роналдињо не се врати следната недела, ќе донесеме одлука да се раскине соработката бидејќи тој изостана од голем дел од подготовките за следната сезона – изјави Хоакин Белтран, спортскиот директор на мексиканскиот клуб.

Претседателот на Керетара, Артури Виљанова исто така му порача на Роналдињо дека ќе „земе некој друг“ доколку на време на се појави на тренинг.

Легендарниот бразилски фудбалер во септември потпиша двегодишен договор со мексиканскиот клуб и оттогаш има постигнато три гола, со една асистенција, на девет одиграни натпревари.