Свет Балкан Романскиот премиер осомничен за корупција

Романскиот премиер осомничен за корупција

Романското обвинителство покрена истрага против премиерот Виктор Понта, за наводна вмешаност во фалсификување, перење пари, конфликт на интереси и во затајување данок.

Локалните медиуми јавуваат дека премиерот утринава бил забележан како влегува во канцеларијата на Обвинителството задолжено за борба против корупција.

Јавните обвинители изминатите месеци спроведоа серија апсења на високи функционери поради корупција.