Свет Романскиот премиер го зачува имунитетот

Романскиот премиер го зачува имунитетот

Долниот дом на романскиот парламент денеска го одбил барањето на обвинителството да се укине имунитетот на Виктор Понти во рамки на истрагата за судир на интереси.

– Тоа е убедлив резултат. Против барањето се изјасниле 231 пратеник – соопшти еден од парламентарците.

Понта претходно изјави дека неговата влада ќе го преживее гласањето доверба, кое опозицијата го закажала за петок, 12 јуни. Тој оцени дека со тоа ќе се стави крај на седумдневната политичка криза и оти владата ќе може да се подготви за преговорите со ММФ.

Понта го одби барањето на романскиот претседател Клаус Јоханис да поднесе оставка откако обвинителството го иманувало во кривична истрага за фалсификување, перење пари, судир на интереси и за притајување данок.

Премиерот ги отфрли сите обвиненија, тврдејќи дека се политички мотивирани.