Свет Балкан Романската Дирекција за борба со корупција испрати 1.300 функционери на суд

Романската Дирекција за борба со корупција испрати 1.300 функционери на суд

Романската Дирекција за борба со корупција минатата година поднела обвиненија против 1.300 функционери поради корупциски активности, со кои ја оштетиле државата со 260 милиони евра, соопшти денеска шефицата на комисијата, Лаура Кодруца Ковеси.

Таа посочи дека меѓу лицата кои минатата година завршиле на суд има има тројца министри, 17 пратеници и други високи функционери.

Во јануари годинава, владата се обиде да изврши измени во законите со декриминализација на некои корупциски случаи. Тоа беше причина за големи протести, по што предлогот беше повлечен.