Свет Балкан Романски министер поднесе оставка бидејќи ги навредил жените

Романски министер поднесе оставка бидејќи ги навредил жените

Романскиот министер за транспорт, Јоан Рус, поднесе оставка по изјавата во која Романките, чии мажи работат во странство, ги нарече проститутки.

Премиерот Виктор Понта ја прифати оставката на Рус, кој во телевизиско интервју изјави дека три милиони Романци работат во странство и им испраќаат пари на жените „курви“, за да ги издржуваат нивните деца кои „не се за ништо“.