Економија Рокот за барања за легализација на дивоградби истекува в четврток

Рокот за барања за легализација на дивоградби истекува в четврток

Рокот за поднесување на барања за легализација на дивоградби, кој веќе еднаш беше пролонгиран, истекува в четврток.

Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година.

Рокот за доставување геодетски елаборат беше пролонгиран за една година, за да можат граѓаните навреме да ги достават елаборатите, а геодетските фирми полесно да ја вршат работата. Со претходниот рок немаа доволно време да ги изработат сите поднесени барања.