Свет Балкан Рискантна одлука на САД за испорака на оружје на сириските бунтовници, смета...

Рискантна одлука на САД за испорака на оружје на сириските бунтовници, смета Кремљ

Одлуката на САД да укине некои од ограничувањата за испорака на оружје на сириските бунтовници е рискантна, затоа што оружјето би можело да заврши во рацете на терористите, оцени Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ако се оствари таквото сценарио, тоа би претставувало закана за Блискиот Исток, но и за руските сили во Сирија.

Говорејќи за американско-руските напори да се постигне договор за воспоставување безбедно повлекување од Алепо, Песков рече дека се надева оти таков договор ќе биде постигнат. Сепак, тој укажа дека разговорите за тоа прашање се „сложени и несигурни“ поради одлуките што ги донеле САД.