Свет Европа Рим ќе преговара со Ломбардија и со Венето за поголема автономија

Рим ќе преговара со Ломбардија и со Венето за поголема автономија

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денеска изјави дека неговата влада е подготвена да почне разговори со претставниците на Ломбардија и на Венето, откако граѓаните на референдум во двата најбогати региони се изјаснија за поширока автономија.

– Можно е и веројатно е – рече Џентилони, додавајќи дека одредени служби подобро би работеле ако покраините Ломбардија и Венето добијат поголеми овластувања.

Регионалните лидери бараат поширока автономија кога станува збор за прашање од области како што се образованието, имиграцијата, безбедноста, животната средина, но и за задржување на повеќе приходи од даноците.