Свет Европа Рим ги цензурираше голите статуи за време на посетата на Рохани

Рим ги цензурираше голите статуи за време на посетата на Рохани

Голите антички статуи во Рим денеска беа прекриени за време на посетата на иранскиот претседател Хасан Рохани на Италија, јавија локални медиуми.

Бројни портали, меѓу кои и оние на весниците „Ла република“ и „Кориере дела Дера“, објавија фотографии од неколку поставки во музејот „Капитолини“ кои целосно биле прикриени со бели панели.

Во музејот „Капитолини“ доцна синоќа Рохани и италијанскиот премиер Матео Рензи одржаа прес-конференција.

Агенцијата АНСА јави дека италијанскиот премиер, на вечерата која ја приредил за иранскиот гостин, наредил да не се служи вино во знак на почит кон вероисповедта на претседателот на Иран.