Македонија Рилкоски на состанокот на работните групи

Рилкоски на состанокот на работните групи

Работните групи на најголемите политички партии за спроведување на Договорот од Пржино најверојатно денеска ќе разговараат за поставеноста на Држваната изборна комисија (ДИК), судејќи по тоа што на состанокот во Клубот на пратеници присуствува и претседателот на комисијата, Никола Рилкоски.

Партиите ги претставуваат истите членови на работните групи.

Од СДСМ претставници се Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, на кои денеска им се приклучи и Цветанка Иванова, додека претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како и на претходните средби, се Никола Попоски и Никола Тодоров. Претставници од ДУИ се Муса Џафери, Артан Груби и Фатмир Бесими, а од ДПА – Имер Алиу, Беким Фазлиу и Луан Треси.