Македонија Резултатите од обдукцијата за случајот Дениса Маркоска испратени на семејството

Резултатите од обдукцијата за случајот Дениса Маркоска испратени на семејството

Како што објавува „Канал 5“, ДНК-анализата потврдила дека телото е на Дениса Маркоска

Министреството за здравство денеска ги добило резулатите од Институтот за судска медицина за случајот „Дениса Марковска“ и за нив го известило семејството.

– Министерството за здравство денеска ги доби резултатите од иследувањата на Институтот за судска медицина во врска со случајот на Дениса Маркоска и за истите го извести семејството. Заради заштита на приватноста и почит кон семејството, оставаме на семејството да одлучи дали за резултатите ќе биде информирана јавноста – стои во соопштението на Министерството за здравство.

Според информациите што ги објави „Канал 5“, телото кое пред девет дена беше донесено од Грција во Македонија, е на 23-годишната Дениса Маркоска, утврдила ДНК-анализата на Институтот за судска медицина.

Дениса Маркоска исчезна на 12 септември од бродот „Серенисима“, на кој работела. На 4 октомври беше пронајдено тело во морските води, а обдукцијата која грчки органи ја извршија со 99,9 отсто сигурност потврди дека се работи за младата прилепчанка. Семејството побара реобдукција, сомневајќи се во резултатите на грчките власти.