Свет Свет Револуционерната гарда тврди дека протестите во Иран завршиле

Револуционерната гарда тврди дека протестите во Иран завршиле

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека нејзините сили на безбедност ги запреле немирите поврзани со антивладините протести.

На официјалниот сајт на Револуционерната гарда, за немирите во државата обвинети се САД, Израел и Саудиска Арабија. Протестите во кои, 21 лице загинаа а повеќе од сто беа уапсени, почнаа на крајот на декември во градовите низ Иран поради порастот на цените.

Протестите беа најголеми по оние кои се одржаа за време на претседателски избори во 2009 година. САД и Израел ги поддржаа протестите, но негираа вмешаност во нивната организација.