Македонија Рекордни 40 починати лица од ковид-19, нови 591 случаи, 439 оздравени

Рекордни 40 починати лица од ковид-19, нови 591 случаи, 439 оздравени

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-218, Куманово-47,  Штип-21, Прилеп-26, Тетово-28, Струга-2, Велес-24, Битола-36, Охрид-2, Кавадарци-9, Гостивар-46, Струмица-22, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-1,  Валандово-5, Виница-10, Делчево-5,  Кратово-1, Свети Николе-16, Кичево-29, Ресен-6, Неготино-15.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2,  Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14.

Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47.636, бројката на оздравени пациенти е 27.803, на починати е 1.345, а бројот на активни случаи изнесува 18.488.

Се зголемува и бројот на активни на ковид-19 по скопските општини, а најголем број има во Аеродром-1.294, Гази Баба-1.216, Карпош 1.110, Центар 1.083, Кисела Вода 1.050.