Здравје Регистрирани уште 442 случаи на ковид-19 од направени 2.939 тестирања

Регистрирани уште 442 случаи на ковид-19 од направени 2.939 тестирања

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Во последните 24 часа се регистрирани 442 нови случаи на ковид-19 од направени 2.939 тестирања, информира Министерството за здравство. Процентуално земено, бројот на позитивни случаи изнесува 15 отсто од направените тестови.

Најголем дел од новите случаи се регистрирани во Скопје – 168, потоа во Битола – 41, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, а во останатите градови бројот на случаи е понизок од 10.

Во истиот период починале 5 лица како резултат на ковид-19, од кои двајца од Скопје на 57 и 78 годишна возраст, и по еден од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г).

Регистрирани сe 373 оздравени пациенти.

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021“, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.