Македонија Регистрирани нови 140 случаи со ковид-19, оздравени се 60 заболени, починале шест...

Регистрирани нови 140 случаи со ковид-19, оздравени се 60 заболени, починале шест лица

Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Министерство за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.

Починати се шест лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.076.