Македонија Регистрирани 977 нови случаи со ковид-19, починаа 31 лице

Регистрирани 977 нови случаи со ковид-19, починаа 31 лице

Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 2.930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-503, Куманово-55,  Дебар-1, Штип-14, Прилеп-45, Тетово-40, Струга-32, Велес-29, Битола-67, Охрид-40, Кавадарци-15, Гостивар-22, Гевгелија-10, Струмица-11, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-4, Берово-1,  Валандово-1, Виница-5, Делчево-3,  Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-22, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека починато е 31 лице, седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64г), двајца од Куманово (76 и 67г), еден од Дебар (71г), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78г), двајца од Тетово (72 и 76г), двајца од Велес (78 и 78г), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67г), три од Охрид (65, 78 и 78г), еден пациент од Кавадарци (72г), еден од Гевгелија (56г), тројца од Кичево (47, 68 и 53г) и еден пациент од Неготино (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од: Скопје-279, Куманово-43, Дебар-6, Штип-42, Прилеп-32, Тетово-79, Велес-35, Битола-65, Охрид-1, Кавадарци-15, Гостивар-49, Гевгелија-14,  Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-25, Пробиштип-13, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-5, Кратово-10, Свети Николе-3, Кичево-36, Ресен-10, Неготино-11.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48.613, а бројката на оздравени пациенти е 28.646. Починаа 1.376 пациенти, а бројот на активни случаи изнесува 18.591.

Расте бројот на активни случаи и во скопските општини. Најголем број има во Аеродром – 1.319, Гази Баба – 1.260, Карпош – 1.128, Центар – 1.097 и Кисела Вода – 1.077. Освен во Скопје каде во моментов има 8.826 активни случаи, најмногу активни случаи има во Тетово – 992 и Куманово – 902.