Македонија Регистрирани 5 нови случаи со Ковид-19, 95 пациенти оздравеле, а двајца починале

Регистрирани 5 нови случаи со Ковид-19, 95 пациенти оздравеле, а двајца починале

Во последното деноноќие, Институтот за јавно здравје регистрирал 95 оздравени пациенти, односно во: Скопје 32, Куманово 38, Прилеп 16, Велес 7, Тетово 2.

Во ГОБ „8 Септември“ починал пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска Институтот регистрирал и пациентка од Струга на возраст од 69 година, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид, а земениот брис по смртта покажал дека имала Ковид-19.

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два случаи, а во Куманово, Прилеп и Тетово по еден.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.