Здравје Регистрирани 457 нови случаи на ковид, бројката на починати порасна за 9

Регистрирани 457 нови случаи на ковид, бројката на починати порасна за 9

Фото: Vladimir Fedotov on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа се направени 2.730 тестови, а се утврдени 457 нови случаи на ковид-19. Најголемиот број од нив се од Скопје, по што следуваат Велес со 25 нови случаи и Битола со 24 нови случаи, а потоа со помали бројки следуваат другите градови каде што има центри за јавно здравје.

Од вкупниот број на позитивни (457), регистрирани се 74 реинфекции.

Регистрирани сe 447 оздравени пациенти.

Во текот на изминативе 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје ( 76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г), и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза „ковид-19“ од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2), Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.896.139 тестирања на ковид-19.Вкупната бројка на утврдени случаи изнесува 298.195, бројката на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036 а бројот на активни случаи изнесува 3.252.