Здравје Регистрирани 365 нови случаи на ковид-19, починаа 23 лица

Регистрирани 365 нови случаи на ковид-19, починаа 23 лица

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Вчера се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19, најмногу од Скопје, соопшти Министерството за здравство. Истовремено починале 23 лица, од кои 8 од Скопје, три од Велес, по две од Куманово и Кавадарци, и по еден починат од Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Струга, Свети Николе и Радовиш. Возраста на починатите се движи од 45 до 89 години.
„Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението од министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052.