Главна секција Регистрирани 18 нови случаи, тројца починати и 21 излекуван пациент во последниве...

Регистрирани 18 нови случаи, тројца починати и 21 излекуван пациент во последниве 24 часа

Фото: Арбнора Мехмети

Министерството за здравство информираше дека потврдени се 18 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 1.225.

  • Скопје – 2
  • Куманово – 9
  • Штип – 2
  • Тетово – 2
  • Велес – 1
  • Гостивар – 1
  • Пехчево – 1

Регистриран е 21 излекуван пациент. Најголем број од нив (16) се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите лекувани во домашни услови. Со ова, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти.

Во последните 24 часа, од вирусот починале тројца позитивни пациенти. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, која подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април. Во ГОБ „8 септември“ починала пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.