Здравје Регистрирани 101 нов случај на ковид-19 и уште 13 починати

Регистрирани 101 нов случај на ковид-19 и уште 13 починати

Фото: Testalize.me on Unsplash

Во последните 24 часа се регистрирани 101 нов случај на ковид-19 од направени 1.299 тестирања, јави Министерството за здравство.

Повеќе од половина од новите случаи се од Скопје – 59, потоа од Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Според ресорот здравство, во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица на возраст од 35 до 81 година. Но, дополнително се пријавени уште 4 починати во периодот од 29.11.2021 до 04.12.2021.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.