Македонија Регистрирани 1.064 нови случаи со ковид-19 и 25 починати лица

Регистрирани 1.064 нови случаи со ковид-19 и 25 починати лица

Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 3.096 тестирања, а регистрирани се 1.064 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-541, Куманово-57, Дебар-4, Штип-46, Прилеп-24, Тетово-57, Струга-23, Велес-44, Битола-43, Охрид-33, Кавадарци-25, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод- 4, Пехчево-7, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-25, Ресен-6, Неготино-10, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во изминатото деноноќие починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од: Скопје-163, Куманово-36, Дебар-4, Штип-19, Прилеп-30, Тетово-30, Струга-16, Велес-39, Битола-20, Охрид-21, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-9, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-17, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Кратово-2, Свети Николе-6, Кичево-9, Ресен-3, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44.898, а бројката на оздравени пациенти е 26.289. Починаа 1.263 лица, а бројот на активни случаи изнесува 17.346.

На територија на цела држава, најмногу (8.137) активни случаи има во Скопје и 1.037 во Тетово. Во скопските општини пак, најмногу има во Аеродром (1.270), Гази баба (1.124), Карпош (1.055), Центар (1.026) и Кисела вода (1.008).

Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на ковид-19.