Македонија Регистриран слаб земјотрес во Скопје

Регистриран слаб земјотрес во Скопје

Земјотрес јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала денеска во 7 часот и 12 минути е регистриран во околината на Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Епицентарот на земјотресот е во скопската околина, почувствуван е на подрачјето на селата Рашче, Горно и Долно Свиларе, Кондово, Сарај и во околината и бил со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала–1998.