Свет Регистриран силен земјотрес во Нов Зеланд

Регистриран силен земјотрес во Нов Зеланд

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени денеска го погоди Нов Зеланд, соопштија сеизмолозите, но засега се претпоставува дека не предизвикал поголема штета.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 65 километри северно од Каикура, на длабочина од 55 километри, прецизираше Американскиот институт за сеизмологија.

Сеизмолошкиот завод на Нов Зеланд, „Геонет“ наведе дека магнитудата на земјотресот била 6,3 степени.