Свет Регистриран првиот случај на вирусот зика во Кина

Регистриран првиот случај на вирусот зика во Кина

Кинеските здравствени власти го регистрирале првиот случај на вирусот зика во земјата, кај лице кое неодамна се вратило од Венецуела.

Заболениот маж е на возраст од 34 години и на 28 јануари се лекувал во Венецуела, пред да се врати во Кина на 5 февруари. Откако е констатирано дека е носител на вирусот, веднаш е хоспитализиран.

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека пациентот брзо закрепнува.