Свет Европа Регионот Харкив се соочи со 20 руски напади во изминатото деноноќие

Регионот Харкив се соочи со 20 руски напади во изминатото деноноќие

Според началникот на администрацијата, делумно е оштетен предниот двокатен дел од пожарникарската станица, а погодени се и службено возило и четири приватни автомобили

Фото: Укринформ

Голем број згради и возила се оштетени откако руските сили извршија артилериски и минофрлачки напади врз областите на украинскиот регион Харкив што се граничи со Русија. Ова го соопшти шефот на Регионалната воена управа во Харкив, Олех Синиехубов преку Телеграм, пренесува Укринформ.

„Окупаторите нанесоа повеќе од 20 артилериски и минофрлачки напади врз цивилна инфраструктура и населението во областите во близина на границата“, напиша официјалниот претставник.

Според началникот на администрацијата, делумно е оштетен предниот двокатен дел од пожарникарската станица, а погодени се и службено возило и четири приватни автомобили.

Локалниот регионален гувернер, Олег Кипер, на Телеграм утринава соопшти дека руски беспилотни летала ја оштетиле пристанишната инфраструктура во областа Одеса, при што се повредени шест лица, од кои три потешко.

Нападот бил извршен во текот на ноќта, а оштетена е пристанишната инфраструктура во областа Измаил.

„Нападот бил извршен со неколку групи дронови. Покрај пристанишната инфраструктура, оштетувања има и на други локации на цивилна инфраструктура“, напиша Кипер.

Од друга страна, Русија соопшти дека Украина лансирала 10 проектили и три чамци без екипаж кон седиштето на црноморската флота на Крим, пишува Би-би-си.

Нападот предизвикал голем пожар во бродоградилиштето во Севастопол, а повредени се 24 лица. Русија соопшти дека два нејзини брода се оштетени како резултат на удари со крстосувачки ракети.