Македонија Референдумот ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи и 47...

Референдумот ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи и 47 странски новинари

Референдумот на 30 септември ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи, објави Државната изборна комисија на својата веб-страница.

Најмногу акредитирани домашни набљудувачи имаат Цивил – Центар за слобода – 282, Националниот ромски центар Куманово – 46 и Инклузива – 40. МОСТ ќе го следи референдумот со 12, а Здружението ЕДУЛСЈ со тројца набљудувачи.

Од странските набљудувачи најбројни се на ОБСЕ/ОДИХР – 188, на Амбасадата на САД – 35 и Мисијата на ОБСЕ во Скопје со 12 набљудувачи. Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го следи референдумот со осум набљудувачи, Амбасадата на Велика Британија со девет, амбасадите на Франција, Албанија и Унгарија со по шест, амбасадите на Турција и на Косово со по четири, Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС и Комитетот за отворена демократија со по тројца набљудувачи, а двајца набљудувачи ќе има невладината организација The Earth Saviors Foundation.

Од ДИК информираат дека за следење на референдумот се акредитирани и 47 странски новинари.