Спорт Реал не го дава Гарет Бејл

Реал не го дава Гарет Бејл

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, демантира дека клубот би можел да го продаде Гарет Бејл.

Англиските медиуми последните недели шпекулираа дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати дури 150 милиони евра за Бејл, но Перес истакна дека нема да го продаде ниту за 300 милиони.

– Гарет Бејл не оди никаде, дури и нашиот проект Реал Мадрид ќе биде граден околу него. Можеме единствено да дискутираме за неговата позиција во тимот и за неговиот придонес, затоа што сè уште се прилагодува на средината и на јазикот – вели Перес.

Бејл сезонава одигра 22 натпревари за Реал и постигна 11 голови со пет асистенции.