Хроника Разбојници со нож раниле 18-годишно момче

Разбојници со нож раниле 18-годишно момче

Ноќеска околу 1.30 часот по полноќ од скопската градска хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ во полиција било пријавено дека кај нив е донесено 18-годишно момче со повреда од нож во ногата и скршеницата на долната вилица, информираат од полицијата.

Во разговор со полициските службеници, повредениот О.И. рекол дека бил физички нападнат од неколку непознати лица на булеварот Кочо Рацин, кои му зеле машка торба, во која имало 3.000 денари, мобилен телефон и други работи, а еден од напаѓачите му нанел повреда со нож.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.