Хроника Разбојник однел 200.000 денари од скопско казино

Разбојник однел 200.000 денари од скопско казино

Маскиран и вооружен разбојник ноќеска ограбил казино на улицата 11 Октомври во Скопје, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило десетина минути по полноќ, во казиното „Слот“, каде сторителот, заканувајќи се со пиштол на вработените, одзел околу 200.000 денари и побегнал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојникот и за расчистување на случајот.