Дописници Разбојник од Струшко добил секира по глава во охридско Ново Село

Разбојник од Струшко добил секира по глава во охридско Ново Село

Жител на струшкото село Делогожда се обидел да изврши разбојништво во охридско Ново Село, откако со измама дека му треба леб, влегол во куќата на 56-годишната Ф.А. во 2 часот по полноќ и физички ја нападнал.

Оштетената, која била сама, успеала да дојде до секирата и за да се одбрани, го удрила пријавениот по главата.

Одкако пријавениот Ф.А. паднал на подот, оштетената избегала од куќата и побарала помош кај соседите. По кратко време, со нив се вратила во куќата, но напаѓачот бил избеган.

СВР од Охрид на Ф.А. (38) му поднесе кривична пријава поради основан сомнеж дека сторол разбојништво.